Мајер најбрз во супер џи во Лејк Луис

Матијас Мајер славеше на првиот сезонски супер џи во Светскиот скијачки куп што денеска се одржа во Лејк Луис, Канада. 

Актуелниот олимписки шампион во оваа дисциплина славеше со време од 1:31,40 минути, пред ланскиот шампион во супер џи Доминик Парис. На третото место израмнети беа Винсент Крихмајер и Мауро Кавизел. 

Денешниот победник Мајер е лидер и во вкупниот поредок со 161 бод, еден повеќе од Парис, додека трет е Томас Дрезен.