Карлсен ги продаде фармерките поради кои не можеше да игра на СП

Поранешниот светски шампион во шах, Магнус Карлсен ги продаде фармерките поради кои му беше забранет настап на Светското првенство (СП) во брзопотезен шах.

Карлсен ги продаде фармерките преку интернет за 36.100 долари, а парите ги донираше во хуманитарна организација, која им дава поддршка на деца и млади.

Норвежанецот во првиот ден од натпреварувањето се појави во фармерки, а организаторите го „избркаа“ затоа што не бил соодветно облечен за големо натпреварување и му изрекоа казна од 200 долари.