Златна литванска олимпијка „пливаше во крв“ како поддршка за Украина (ВИДЕО)

Златната литванска олимпијка Рута Меилутите, која како 15-годишна тинејџерка беше светска сензација во Лондон пред една деценија со златото на 100 метри градно на необичен начин ѝ даде поддршка на Украина, „пливајќи во крв“.

Меилутите еден рибник во близина на руската амбасада во Литванија бил обоен со црвена еколошка боја, со цел да се долови ефектот за крвта што се лее низ Украина после руската агресија и обвинувањата кон Русите за геноцид врз локалното население.

„Бексрајните ужаси кои Русија ѝ ги наметна на Украина не смеат да станат норма, важно е да не се отстапи пред сликите на ужасот за масовните убиства врз Украинците и нивната болка“, објави меѓудругото литванската олимпијка.