Стефановски удри по Маленко: Доаѓаат нови првенства, а децата повторно ќе ни страдаат!

Македонската пливачка федерација, која и официјално е заведена во централниот регистар, преку прес - конференција ги информираше граѓаните, но и сите инволвирани во пливањето, дека стартото раководство на чело со Александар Маленко е разрешено, а воедно е избрано ново раководство во кое претседател е Александар Филипчев.

Оваа одлука е донесена на вонредното собрание кое се одржа на 24. април, а информирани се и поранешниот претседател Маленко, како и Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет (МОК), Светската пливачка федерација и ЛЕН.

Од самиот почеток наидовме на проблеми од страна на старото раководство кое лажно се претставува како претседател на непостоечка Пливачка федерација на Република Северна Македонија, каде неговото име никаде не постои како правно лице, ниту во АМС, ниту во Централниот регистар. Лажно се претставува и користи неважечки потписи од Република Северна Македонија. Токму поради овие работи поднесена е кривична пријава против него и воедно исптаривме барање до МОК да гипревземе сите обврски и да ги признае резултатите на пливачите, изјави претседателот на НПФ, Александар Филипчев.

Инаку, Александар Маленко добил кривична пријава на 20. јуни 2019 година поради лажно претставување, а воедно тој е и главниот виновник за тоа што ја одјавил пливачката Миа Блажевска од на Комен Купот во Бугарија.

Маленко доставил писмо до генералниот секретар на Комен Купот, техничкиот секретар на Пливачката федерација на Бугарија во кое го одјави тимот на натпреварувачи кој се состоеше од Миа Еминова Блажевка и уште неколку лица, поради што нашата пливачка беше спречена да настапи на натпреварувањето. Со тоа тој направи материјална штета и штета на угледот на Пливачката федерација и државата. Сега, самиот тој треба на таа млада и перспективна пливачка да и објасни зошто е отстранета од натпреварувањето, додаде тренерот на Блажевска, Илија Стојановски.

Токму поради ваквата ситуација, најмногу страдаат пливачите, а тоа го потенцираше и еден од најдобрите маратонски пливачи, Томи Стефановски.

Овој проблем од вакви размери е веќе со години, а најмногу страдаат пливачите. Доаѓаат нови првенства, на децата повторно ни страдаат, заврши Стефановски.