„Новиот Фелпс“ постави светски рекорд на 100 метри делфин за олимписко злато (ВИДЕО)

Кејлеб Дресел, кого многумина го гледаат како наследник на легендарниот Мајкл Фелпс постави денеска нов светски рекорд на 100 метри делфин за да дојде до олимпиското злато на пливачкиот дел од Летните Олимписки Игри во Токио.

Дресел за пет стотинки си го подобри најдоброто време на светот пливајќи 49,45 секунди за да се круниса за олимписки шампион, победувајќи во трката пред Криштоф Милак и Швајцарецот Ноа Понти, кои ги освоија сребрениот односно бронзениот медал.

Кејтлин Ледецки стигна до хет-трик на злата и после Лондон и Рио додаде ново на 800 метри, победувајќи во трката со време 8:12,57 пред својата најголема ривалка Австралијката Ариане Титмус, а до бронза доплива Симона Квадарелја од Италија.