Роуан Чешчер успеа да заврши на седмата позиција во „халфпајп“ на финалната трка на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Оваа девојка беше фаворитка за медал на ЗОИ во Сочи, но доживеа голема несреќа, па мораше да паузира неколку месеци.

„Мило ми е што учествував во финалето и стигнав до седмата позиција. Им благодарам на мојот тим и на сите кои беа покрај мене. Јас немаше да бидам тука без вашата поддршка“, вели Чешчер.

Можеби нејзините резултати не се неверојатни, но нејзиниот изглед дефинитивно го привлече вниманието на јавноста.