Унгарија освои златен медал во брзо лизгање!

Унгарската екипа освои злато во брзо лизгање на кратката патека на 5000 метри. На 500 метри во индивидуална конкуренција Ву Даџинг освои златен медал и постави нов светски рекорд додека кај дамите Сузан Шултинг освои злато на 1000 метри.

Унгарците, кои се меѓу најуспешните држави на Олимписките игри, нема ниту од Пјонгчанг да се вратат без медал. Унгарските лизгачи Шаонанг Лиу, Шандор Лиу, Виктор Кноч и Чаба Бурјан беа најбрзи со време од 06:31,971. Втори беа Кинезите додека на третата позиција заврши репрезентацијата на Канада.

Кинезиот Даџинг претходно сруши светски рекорд на патеката долга 500 метри со време од 39,581. Зад него завршија Корејците Даехон и Хјоџун.

Во единственото женско финале на кратки патеки Шултинг освои злато на 1000 метри, со време 29,778 додека зад неа завршија Бутин од Канада и Фонтана од Италија.