Уапсен спортист додека купувал кокаин за време на ЛОИ 2024

Скандалот од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз доби конечен епилог, а Том Крејг заработи 12-месечна суспензија и ќе мора да паузира надвор од спортот поради тоа што бил уапсен додека купува кокаин во Париз.

Австралискиот сојуз објави дека хокеарот е суспендиран од 9 септември и ќе паузира до истиот датум 2025 година.

Крејг бил уапсен при обид да купи дрога откако Австралија загуби во четвртфиналето од Холандија.