Стрелач од Иран ќе остане без златен медал поради - тероризам?

Спортистот од Иран, Џавад Фаруги минатата недела освои златен медал со пукање со пиштол од 10 метри пред Дамир Микец, но би можел да остане без медал зашто е обвинет за тероризам.

Џим Јонг-Ох од Јужна Кореја, освојувач на шест олимписки медлаи, кажа дека Фаруги не смеел да настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио затоа што е член на Исламската револуционерна гарда.

Јонг-Ох тврди дека стрелачот од Иран не смеел да настапи на ЛОИ бидејќи САД во 2019 година ја означи Исламската револуционерна гарда како терористичка.

Испратено е и барање до Меѓународниот Олимписки комитет да се истражи спортистот од Иран и неговиот медал, а доколку обвинувањата се потврдат како точни, тогаш тој ќе го загуби златниот медал.

„Сметаме дека ова не е само катастрофа за иранскиот спорт, туку и за меѓународната заедница, посебно за репутацијата на Меѓународниот олимписки комитет. Тој е член на терористичка организација“, пишува во барањето.