Шифрин го урна рекордот по заработени пари во една сезона!

Одличната сезона на Микаела Шифрин ѝ го донесе Големиот кристален глобус втор година по ред, а со тоа Американката оствари и рекордна заработувачка.

Скијачката од Колоради го подобри рекордот на спечалени пари од наградите фондови и така ја помина Тина Мазе.

Шифрин сезонава заработи 702.774 швајцарски франци, што е за 977 повеќе од досегашната рекордна заработувачка на Тина Мазе од 2013 година.

Рекордот на Шифрин пред сѐ се должи на нејзините одлични резултати, но голем удел има и зголемувањето на наградниот во Светскиот куп. 

Кај мажите, најмногу заработи Марсел Хиршер, којшто ја заврши сезоната со три кристални глобуси. Австриецот инкасираше 669.681 швајцарски франци.