Самсунг нема да им додели телефони на олимпијците од Иран и Северна Кореја

Сите спортисти кои ќе земат учество на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, кои почнуваат утре ќе добијат телефони од генералниот спонзор Самсунг, освен спортите од две земји, Иран и Северна Кореја.

Најголемиот производител на паметни телефони во светот, ќе додели околу 4.000 модели на „Ноут 8“. Со нови телефони нема да се подноват само спортистите од Иран и Северна Кореја, кои се под санкции на Обединетите нации.

Овој модел на Самсунг чини околу 920 долари, што значи дека се смета за луксузен подарок. Потегот на корејската компанија влезе во многу дебати, а дел од спортската јавност смета дека овој подарок е многу контраверзен најмногу поради неговата висока цена.