Руски лизгач си отсекол два прста за да не оди во војната со Украина?

Рускиот лизгач Артјом Арефјев (21) доживеал сериозна незгода откако цепејќи дрва си отсекол два прста од раката, но многумина во Русија се сомневаат дека сето тоа не е незгода, туку намерно за да избегне мобилизација за војната во Украина.

Откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за делумна мобилизација, сѐ повеќе спортисти добиваат повик за регрутација, а масовно илјадници Руси бегаат од државата за да не бидат мобилизирани и потоа испратени на фронтот во источна Украина, каде од 124 февруари во полн ек е агресијата врз соседната држава.

Арефјев поради незгодата сега е трајно неспособен за да служи војска, па според многумина во Русија потегот е дури и паметен, зашто подобро да жртвува два прста одошто животот.

Тој беше дел од олимписката селекција на ЗОИ во Пекинг во февруари годинава пред да почне агресијата врз Украина. За среќа повредата на раката нема да има влијание врз неговата кариера во брзо лизгање, па тој се очекува да се појави на првото натпреварување сезонава закажано за средината на идниот месец.