Приведен бивш НФЛ-шампион, откако направил хаос на аеродром (ВИДЕО)

Американските медиуми објавија дека познатата НФЛ-ѕвезда, Одел Бекам Џуниор предизвикал сериозен проблем на аеродром, откако се качил во авион, но одбил да ги послуша упатствата на екипажот.

По кратка расправија, Бекам не сакал да стави појас и поради тоа се побуниле и останатите патници на летот, а потоа морала да интервенира и полицијата која го однела во притвор.

Овој НФЛ-играч го освои Суперболот во 2014 година, а во својата богата кариера настапувал за Њујорк џајантс, Кливленд браунс и Лос Анџелес рамс, додека во мментов има проблеми со повреда.