Пресврт во случајот „маж во женски бокс“ – со слики од детство се докажува дека е жена (ФОТО)

Ниту 24 часа по „спорната“ борба на алжирската боксерка, Имана Калиф, на олимпискиот турнир во женска категорија, иако лани била исфрлена од СП поради тоа што ѝ биле пронајдени машки хромозоми, прашината се уште не стивнала, а веќе се појавија докази дека таа всушност не е трансродова личност туку е родена како жена.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од нејзиното детство, кои исто така предизвикаа лавина од коментари.

„Таа е жена каква што што и била и каква што ќе биде засекогаш. Се шират дезинформации и ја обвинуваат муслиманката Калиф дека е трансродова личност, а тоа се лаги. Тие операции се целосно забранети во Алжир", напишал корисник на Твитер.

Калиф се пласираше во следната рунда на Олимписките игри откако Италијанката Анџела Карини ѝ го предаде мечот по половина минута борба.

„Ова не е пораз за мене. Големо достигнување е само и да се влезе во тој ринг. Но, кога ме удри по втор пат, не можев повеќе да дишам. Без разлика на се, ми беше чест да настапам на Олимписките игри“, изјави Карина.

Инаку, во оваа прилика се огласи и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), кој се обиде да ја објасни својата одлука да ѝ дозволи настап на Алжирката и покрај зголеменото ниво на тестостерони.