Нови правила: За пушење марихуана ќе се добива – минимална суспензија!

Светската Антидопинг агенција (ВАДА) од следната сезона минимално ќе ги казнува спортистите кои ќе бидат „фатени“ како користат рекреативни дроги како што е марихуаната, пренесува „Ројтерс“.

Досега, секој позитивен наод автоматски носеше двогодишна суспензија, нешто што во иднина ќе се укине, секако на радост на актерите на теренот, меѓу кои има голем број уживатели на опини средства кои не влегуваат во категоријата на тешки дроги. Од ВАДА потенцираа дека од 1 јануари 2021 година, спортистите кои ќе бидат позитивни на супстанци кои не придонесуваат директно на остварување подобар резултат ќе бидат суспендирани само на еден месец.

Покрај оваа поблага казна, тие ќе треба да минат низ тримесечен рехабилитациски третман за одвикнување од користењето марихуана. Ваквата одлика е донесена како би се насочило поголемо внимание на оние вистински измамници, кои користат вистински допинг за да остварат подобри резултати.