Нов спорт на ЗОИ 2026 – скијачко планинарење

Извршниот одбор на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) едногласно одлучи на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина Д'Ампецо да се воведе нов спорт – скијачко планинарење.

Новиот спорт што ќе се воведе за ЗОИ 2026 година ќе биде прв новитет на зимските игри уште од 1998 година, а во скијачко планинарење ќе има пет дисциплини.

Спортистите ќе се натпреваруваат во спринт за мажи и жени, поединечно и штафетно, а ќе има и мешан спринт.