Норвежаните им одржаа лекција на сите репрезентации во Пјонгчанг!

Норвешките спортисти ги завршија Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг со најголем број медали, а исто така поставија нов рекорд.

Со ист број на златни медали завршија и Германците, но тие освоија осум медали помалку зашто имаат само десет сребрени медали и седум бронзи.

Пред последниот ден беше познато дека Норвеажните ќе бидат најуспешни, но не се знаеше дали ќе имаат најмногу златни медали во Пјонгчанг. Германците имаа еден повеќе, а добија шанса за уште еден во финалето на хокеарскиот турнир, но на крајот беа поразени од Русите.

Марит Бјерген со триумф на 30 километри во скијачко трчање стигна до 14. златен медал за Норвежаните, па така го потврди статусот за најуспешен спортист во историјата на ЗОИ.

Норвешка со 39 медали поставија рекорд по број на медали на едни ЗОИИ. Со освојувањето на бронзен медал во тимско натпреварување во алпско скијање и благодарение на златниот медал на Бјерген, за два медали го урнаа рекордот на американските спортисти од ЗОИ во Ванкувер 2010. Година.

Норвежаните и Германците ги следат Канаѓаните со вкупно 29 медали, од кои 11 беа златни, а по нив следат Американците и Холанѓаните.