Не се плашат од короната: Во Тексас се одигра безбол-меч со присуство на 40.000 гледачи (ВИДЕО)

Додека во најголем дел од Европа спортските натпревари сѐ уште се играат пред празни трибини, во САД полека се враќаат на старото нормално, односно на времето пред пандемијата со коронавирусот, за што најдобро сведочи безбол-мечот помеѓу Тексас Ренџерс и Торонто Блу џејс на кој присуствуваа 40.000 гледачи.

Како главна причина за ова е имунизацијата на огромен број жители на државата Тексас, поради што дојде до максимално олабавување на мерките за заштита од болеста Ковид-19.

Сликите што може да се видат од овој меч предизвикаа и одреден шок во целиот свет, особено во земјите каде што сѐ уште се води жестока битка со коронавирусот, меѓу кои е и Македонија.