МОК ја укина забраната - Русите се враќаат
Младите спортисти повторно ќе можат да се натпреваруваат носејќи национални симболи, потврди рускиот министер за спорт Михаил Дегтјарев.
„Како што најавивме вчера на олимпискиот состанок, денеска Извршниот одбор на МОК донесе одлука што е важна за рускиот спорт. Сите ограничувања за учество на млади спортисти од Русија и Белорусија на меѓународни натпревари во олимписки спортови, вклучително и тимски натпревари, се укинати“, објави тој.
МОК потврди дека препораката од 28 март 2023 година повеќе не важи за руските и белоруските спортисти во помладите категории и дека повторно им е дозволено да се натпреваруваат под национални симболи, со знамето и химната, и без никакви дополнителни проверки.
Меѓународните федерации поставуваат свои критериуми за дефинирање на „младински натпревари“, но учеството во сите такви натпревари - и поединечно и тимско - мора да биде неограничено. Овие правила, кои се предмет на промена, ќе важат и за Младинските олимписки игри во Дакар во 2026 година.