Млада британска ѕвезда заработи сериозна повреда по пад од скејт! (ВИДЕО)

Британското чудо од дете Скај Браун, која вози скејт за малку ќе настрадаше на еден од тренинзите во Калифорнија каде што престојува овие денови.

Браун е девојче кое има само 11 години и позната е по тоа што требаше да стане најмлада британска учесничка на Олимписките игри затоа што ќе учествува во Токио.

На профилот на Инстаграм објави видео на кое мож да се забележи моментот кога ја загуби контролата во воздух, но не и моментот кога падна. Медиумите објавија дека падот бил директно на глава, а последиците може да се забележат на нејзиното лице.