Магичната Загитова блесна во Пјонгчанг и освои златен медал (ВИДЕО)

Младата руска лизгачка Алина Загитова го освои првиот златен медал за Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше во индивидуална конкуренција во уметничко лизгање.

Загитова има само 15 години и по рушењето на рекордот во вторник, два дена подоцна со одлична претстава стигна до својот прв златен медал на ЗОИ, вкупно втор зашто во тимска конкуренција Русија освои сребрен медал.

Вендаш зад неа заврши нејзината одлична сонародничка Евгенија Медведева, која имаше за нијанса полош резултат од 15-годишната Загитова.