Македонскиот претставник во алпско скијање на Зимските младински олимписки игри (ЗМОИ) во Лозана, Мирко Лазаревски, имаше повеќе од солиден настап во денешната велеслаломска трка во која заврши буквално на половина од вкупната листа учесници.

Македонскиот скијач го освои 41. место од вкупно 80 натпреварување, што е огромен напредок во однос на настапот во супервелеслалом, кога беше претпоследен.Тој двете трки ги заврши со вкупно време од 2:24,36 минути.

Пред Лазаревски е уште еден настап на ЗМОИ и тоа во неговата најсилна дисциплина, слалом, која ќе се вози утре со почеток во 11 часот. Тој е единствениот наш претставник во алпско скијање на годинешните ЗМОИ, а покрај него во Лозана ќе настапат уште и Анамарија Зафировска (биатлон), Дарко Крстески (биатлон), Михаела Даноска (крос-кантри) и Андонаки Костоски (крос-кантри).