Крвава пресметка: Рагбист со нож избодел противник и двајца навивачи!

Три лица се прободени со нож во крвав инцидент по натпревар на млади рагби клубови во Сиднеј, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Локалната полиција соопшти дека две екипи од западен Сиднеј биле вклучени во тепачката по мечот, при што се вклучиле и двајца гледачи, кои заработиле повреди од нож.

Од лигата беше соопштено дека сите учесници на инцидентот доживотно ќе бидат отстранети од спортот.

„Вакво криминално однесување не смее да се толерира и тие кои се виновни за инцидентот ќе мора да се соочат со законот“, соопшти извршниот директор на натпреварувањето Дејвид Тах.