Криминалец 16 години им бегаше на Италијанците - го уапсија на Олимписките игри!
Иако се наоѓал на листата на барани лица во Италија, Словакот повторно влегол во земјата за да ја следи својата хокеарска репрезентација на Зимските олимписки игри. Полицијата му влегла во траг откако се пријавил во хотел на периферијата на Милано, по што бил приведен и спроведен во затворот „Сан Виторе“ во центарот на градот.
Така место на трибините да ја бодри својата селекција, тој вечерта завршил зад решетки. Според полицијата тој треба да отслужи казна затвор во траење од 11 месеци и седум дена поради серија кражби во продавници извршени во 2010 година.
Словачката машка хокеарска репрезентација дебитираше на Игрите Кортина со победа од 4-1 против Финска.