Канадската двојка во уметничко лизгање го сруши светскиот рекорд и стигна до златото

Канаѓаните Теса Вирту и Скот Моир го срушија светскиот рекорд во освоени поени во уметничко лизгање со динамичен и слободен танц и дојдоа до своето второ злато на Олимписките игри во Пјонгчанг.

Парот, кој освои злато во Ванкувер, а сребро во Сочи, утринава беше подобар од француската двојка Габриела Пападакис и Гилом Сизерон, додека американските брат и сестра Маја и Алекс Шибутани ја освоија бронзата.

Резултатот од на Вирту и Моир од 206,07 поени е нов светски рекорд, но само ваков резултат им гарантираше победа, бидејќи и француската двојка, која дојде до среброто исто така имаше подобар резултат од претходниот светски рекорд со 205,28 поени.