
И во спортот од денеска сме - Северна Македонија! (ФОТО)
Со промената на името на МОК во рамките на најзначајната спортска институција, сега ќе следува промена на официјалното име и во сите други спортски организации, почнувајќи од фудбалските ФИФА, УЕФА, кошаркарската ФИФА...
„Извршниот комитет на ИОК нотираше дека промената на името на БЈР Макеоднија во Република Северна Македонија формално стапи на сила на 14 февруари 2019 година. Како резултат на тоа, името на националниот олимписки комитет ќе биде апдејтирано од Олимписки комитет на БЈР Македонија во Олимписки комитет на Северна Македонија“, рекол портпаролот на ИОК, Марк Ада
мс.
Македонија дебитираше на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, откако претходно беше примена како полноправна членка на олимпиското семејство. Досега нашата земја има само еден медал од олимписките игри и тоа од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, кога борачот Могамед Ибрагимов се закити со бронза.