Гисин славеше во комбинација, Вон се прости од ЗОИ без медал

Мишел Гисин од Швајцарија го освои златниот медал во комбинација на Олимписките игри во Пјонгчанг, а Американката Линдзи Вон остана без медал во оваа конкуренција, откако не ја заврши втората трка во слалом.

Американката очекувано по првата трка во спуст беше најрбза, но не успеа да ја заврши слаломската трка и мораше да се помири со фактот дека нејзината олимписка кариера заврши без медал.

Гисин славеше со вкупно време од 2:20,90 минути, пред Американката Микаела Шифрин, за која ова е втор медел на Игрите по златото во велеслалом. Бронзениот медал и припадна на сонародничката на Гисин, Венди Холденер, која беше сребрена во слалом.