
„Физички и ментално сум подготвен да ја направам Македонија горда!“
Тој чекори по стапките на Катерина Николовска, која настапи во Рио де Жанеиро (2016 година) и на Арбреша Реџепи, која беше дел од Игрите во Токио пред три години. За Шерифовски ова ќе биде остварување на детскиот сон.
„Чувството е феноменално, на моменти заборавам дека навистина ќе бидам олимпиец. Една 'придавка' која за мене многу значи. Како еден чин, придавка која се добива со многу работа. Очекувањата ми се големи. Иако не сум фаворит на хартија, знам дека можам да приредам големо изненадување. Спремен сум и физички и ментално за да ја направам нацијата горда“, изјави Шерифовски.
Турнирот во џудо е од 27 јули до 3 август. Еди својот прв настап ќе го има на 30 јули.