Дру Брис испиша нова историја во НФЛ-лигата

Квотербекот на Сан Франциско, Дру Брис постави нов рекорд на додавања за тачдаун во НФЛ-лигата со 541. Тој испиша нова историја на синоќешниот натпревар против Индијанаполис колтс во победата од 34-7. 

Брис синоќа имаше четири додавања за тачдаун, а го мина рекордот на Пејтон Менинг, кој останува на 539 додавања. Том Брејди, кој има 538 додавања за тачдаун, веднаш му честиташе на Брис преку социјалните мрежи.

„Честитки Дру. Ти го заслужуваш ова. Да го минеш Пејтон во било што е неверојатно постигнување и твоите рекорди ќе бидат тешки за рушење. Но, вреди да се проба“, напиша квотербекот на Њу Ингланд.