Домаќинот стигна до злато во брзо лизгање, а Холандија до светски рекорд!

Јужна Кореја во брзо лизгање на кратката патека за жени на 3,000 метри го освои златниот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) додека тимот на Холандија освои бронзен медал, но постави и нов светски рекорд со побеата во Б-финалето.

Корејската штафета во состав на Шим Сук Хи, Чои Мин Џеонг, Ким Је Џин и Ким А Ланг беше најбрза во А-финалето на ЗОИ стигнувајќи до златниот медал за време од 4:07,361.

Корејките така ја одбранија титулата од Сочи од пред четиир години додека сребрениот медал им припадна на Италијанките. Најинтересно беше во борба за бронзениот медал во А-финалето, во кое беа дисквалификувани Кина и Канада, па затоа Холандија профитираше најмногу од тоа.

Но тука не беше крајот на славјето на Холандија затоа што нивните девојки во Б-финалето успеаа да соборат и светски рекорд во оваа дисциплина откако преминаа 3,000 метри за 4:03,471.