Американките ги детронизираа Канаѓанките: Прво злато во хокеј на ЗОИ по 1998

Женската хокеарска репрезентација на САД го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако утринава во големото финале ја совлада Канада со 3-2 по изведувањето пенали.

Репрезентациите заврши 2-2 по регуларниот дел, а немаше погодоци ниту по дополнителните 20 минути игра, па пеналите го решија победникот. 

За Американките ова беше прво злато на Олимписките игри по Нагано 1998 година и го прекинаа владеењето на нивниот сосед и голем ривал, што траеше 16 години.