Српска одбојкарка како да игра во пеколот – во 10 дена ја нападнале прво со нож, па со пиштол!

Младата српска одбојкарка, Александра Узелац (19 години), доживеала вистинска драма во Рио де Жанеиро, каде што настапува за Флуминенсе, кога на улиците на Бразил во период од само 10 дена прво била нападната со нож, а потоа и со пиштол.

Таа во интервју за српските медиуми го опишала трауматичното искуство што го доживеала.

„Се враќав од вечера со другарка ми, возевме велосипед по патеката што е наменета за тоа, јасвозев прва, а таа ме следеше. Во еден момент двајца непознати налетаа на мене. Ги кренаа кошулите и ги извадија ножевите. Тие буквално беа мачети - навистина огромни ножеви. Не знам ни како им стоеја под кошулата. Почнав да врескам и не знаев што да правам. Свртев и само Господ ме спаси затоа што не паднав од велосипедот, а излетав на патот каде што имаше автомобили и моторцикли“, се потсети Александра на првата случка.

Вториот инцидент по само неколку дена бил уште подраматично.

„Се враќав од клубот во мојот стан, бев со другарка ми на вечера. Пред тоа ги гледавме фудбалерите на Флуминенсе, се беше супер. Гледав во телефонот, а другарката ме фати за рака и почна да вика: 'Узи, узи, узи'. Го кренав погледот и водов дека пред нас стојат две коли, исто така зад нас, покрај два мотори. Излегоа мажи со фантомки и пиштоли. Двајца од нив останаа пред автомобилот, а другите тропаа со пиштол на секоја врата. Викаа на португалски да им дадеме се што имаме. Ја отворија вратата и ни го вперија пиштолот во главите. Врискавме, околу главите ни беа четири пиштоли и тој со пригушувачи. Не претресоа, а еден од нив почна да влегува во автомобилот, но некако успеавме да скокнеме и да трчаме. Ништо не ни беше на ум, само да дојдеме до клубот, бидејќи знаевме дека ќе бидеме безбедни таму. Сето ова беше во мојата улица. Кога стигнавме и се спасивме, ни дадоа вода. Бевме во шок, почнавме да плачеме“, објасни Србинката.