Одбојкарската легенда Грбиќ ќе предава на македонските тренери

Одбојкарскиот клуб Јанта волеј форца, во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија, не се откажа од намерата да ѝ го донесе на македонската одбојкарска јавност легендарниот Владимир Вања Грбиќ.

Ситуацијата со коронавирусот глобално го парализира спортот и активностите околу него, оттука и планираниот семинар на Вања Грбиќ неизводливо е да се случи во живо во Скопје, но Јанта волеј форца информира дека, сепак - ќе се случи. Легендата на српската одбојка ќе одржи онлајн предавање в четврток (4 јуни) од 19 часот, на кое бесплатно можат да се вклучат сите заинтересирани.

Предавањето е насочено кон одбојкарските тренери во помладите категории, но и за родетелите чии деца се активни во одбојката и за тоа темата гласи: „Работа со деца, степен на оптоварување и основни принципи за цел на детсткото здравје и правилен раст“. За успешно, коректно и правовремено вклучување на сите заинтересирани потребно е истите да се пријават со име, презиме и телефонски број на monikajanevic@yahoo.com .

Вања Грбиќ е освојувач на златен медал Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, член на Куќата на славните и претставник од Светската одбојкарска федерација (ФИВБ).