Одбојкарите во Маврово ги започнаа подготовките за квалификациите за ЕП 2026

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги започна подготовките за квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026 година.

Селекторот Хари МНаковски во првата рунда подготовки во Маврово повика 14 одбојкари, а потоа ќе одиграме пријателски средби против Црна Гора и Швајцарија. На турнирот „Чајка“ одбојкарите ќе одиграат натпревари и со уште два противника.

Во составот е и Александар Љафтов кој не играше во Европската златна лига, сепак одново не сме комплетени затоа што отсутен е Лука Костиќ.

Македонија досега беше учесник на претходните три континентални собири и секако сакаме да продолжи таквиот континуитет.

СОСТАВ:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија), Ефтим Ричлиев (Струмица 47&72)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Александар Љафтов (Ал Васл – ОАЕ), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)

Квалификации за Европско првенство 2026 (мажи)

17.08.2024 (14.00) Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.08.2024 (20.15) МАКЕДОНИЈА – Грција