
Ново правило во европската одбојка, Македонија ќе направи сефте в недела!
Почнувајќи од пред некој ден, на дуелите под капата на ЦЕВ нема повеќе да има технички тајмаут. Тоа е онаа принудна пауза во играта кога првата од двете екипи ќе дојде до осум, а потоа и до 16 поени.
Ова го соопштила ЦЕВ, а примената почнала да важи од 15 мај, што значи, првиот меч на Македонија во Сребрената европска лига, против Косово, в недела ќе се игра без технички тајмаути.
Ова не е нов момент во светската одбојка, затоа што Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) истата мерка ја презеде пред ОИ во Рио.