Кој чека, ќе дочека: Гарначо ќе си ја исполни големата желба!

Желбата на Алехандро Гарначо изгледа ќе се исполни и наскоро се очекува Аргентинецот да стави потпис на договор со големиот ривал на Манчестер јунајтед, Челси.

Според последните информации, Челси и Јунајтед ги договораат последните детали и наскоро се би требало да биде потвдено. Трансфер се очекува да се реализира за сума помеѓу 35 и 40 милиони фунти.

Беше Гарначо на мета и на Баер Леверкузен, како и на клубови од Италија и Саудиска Арабија, сепак од самиот почеток Аргентинецот сакаше да остане во Премиер лигата и како што стојат работите тоа на крајот ќе се случи.

Гарначо пред Манчестер јунајтед беше дел само од Алтетико Мадрид, но уште како тинејџер присстигна на „Олд Трафорд“ и прво беше дел од младинските категории, додека шанса во првиот тим доби во 2022 година.

Фото: Manchester United/X