Нов скандал на ЕП: Полјаците монтирале „видео-челинџ“ против Словенија (ФОТО)

Тешки обвинувања на сметка на организаторите на Европското првенство (ЕП) во одбојка пристигнуваат од Словенија. Големиот број непристојни игри не им помогнаа на Полјаците да го освојат турнирот.

Домаќинот се трудеше да го исфрли противникот од ритам, но не му успеа. Прво ја утна химната, кога беше интонирана српската наместо словенечката, а сега одбојкарите на Словенија тврдат дека биле ограбени на мечот, односно еден „видео-челинџ“ бил монтиран.

При едно забивање е досуден блок-аут и поен за Словенија, меѓутоа по речиси четири минути чекање беше прикажано видео на кое топката не ги допре прстите во блокот и Полска го доби поенот.