Македонија го прегази Косово на стартот од „Чајка“
Селекцијата на Македонија славеше во првиот сет со 25-12, додека во вториот беше уште подобра и стигна до 25-7, додека во третиот Косово даде поголем отпор, меѓутоа македонските одбојкари триумфираа со 25-19.
Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, додека Александдар Љафтов имаше девет поени.
Македонија в сабота ќе се соочи против Израел во меч кој ќе служи како подготовка пред заминувањето во Тбилиси каде што ќе се соочи со Грузија во воведното коло од евроквалификациите за турнирот во 2026 година.