Иранците салутираа пред натпреварот со Словенија (ВИДЕО)

Пред почетокот на одбојкарскиот натпревар во рамките од Лигата на Нации помеѓу Иран и Словенија во Рио Де Женеиро, одбојкарите на Иран салутираа во знак на солидарност на своите сограѓани по нападите од Израел.

Натпреварот заврши со победа на Словенија по голема битка во пет сета (17-25, 25-23, 25-18, 18-25, 15-12) и тоа беше трет пораз за Иранците кои претходно ги загубија натпреварите со Бразил и САД.

„Ова е јасен напад на нашата татковина и нашата одговорност не ни дозволува да останеме рамнодушени. Се обидовме да служиме на нацијата со играње одбојка. Нема да се октажеме“, изјави одбојкарот н Иран, Барди Садат.