Франција со пресврт ја елиминира Полска во битката за полуфинале на ЛОИ

Француските одбојкари во одличен меч со пет сета триумфираа против Полска со 3-2 во сетови, односно 21-25, 25-22, 21-25, 25-21 и 15-9.

Полска го освои првиот сет со 25-21 за водство од 1-0 во сетови, по што Франција израмни на 1-1 откако го доби вториот сет со 25-22. Во продолжение од мечот Полјаците ја вратија предноста во сетови (2-1), но набрзо Французите израмнија на 2-2.

Во последниот сет се водеше голема борба меѓу одбојкарите, а поуспешни беа Французите кои со 15-9 триумфираа и обезбедија полуфинале против Аргентина, додека во вториот меч ќе се соочат Бразил и Русија.