
УФЦ подготвува „план Б“ доколку пропадне борбата на Мекгрегор
Познатиот новинар Ариел Хелвани во последната емисија кажа дека УФЦ подготвува „план Б“ доколку не се одржи борбата меѓу Мекгрегор и Чендлер.
„Минатата недела постоеше загриженост дека би можела да се откаже борбата, а преку различни извори дознав дека се јавуваат менаџери и бараат замена за Мекгрегор, односно се бара резервна опција. УФЦ напорно работи на план Б, односно борец кој ќе влезе во рингот со Чендлер“, кажа Хелвани.