
УФЦ-борец одби да се предаде, заработи сериозна повреда, па победи! (ФОТО)
Филхо беше на чекор до победа и сите очекуваа Мокаев да ја предаде борбата, но тоа не се случи и заработи сериозна повреда, по што се извлече од зафатот на противникот и успеа да го победи.
„Некои ме критикуваат дека не сум се предал и така сум ја ризикувал кариерата. Подобро да ја завршам кариерата, отколку да се предадам. Имам болки, но ако се предадев, срцето ќе ме болеше повеќе од сè друго“, кажа Мокаев.