Убиен поранешен ултимејт-фајтер: Српскиот воин избоден до смрт во Милвоки!

Поранешниот борец во мешани боречки вештини (ММА), Саша Перкиќ, починал синоќа во САД како последица од раните кои му биле нанесени со нож во американскиот град Милвоки, каде што живеел и работел.

За смртта на популарниот „Српски воин“ пошироката јавност дознала од големиот број посвети на социјалните мрежи од негови пријатели, но и од поранешни колеги од светот на ММА и УФЦ. Детали за неговата смрт нема, освен дека им подлегнал на повредите кои ги добил откако бил избоден со нож во неодамнешен инцидент.

Заедно со информацијата за неговата трагична смрт, медиумите потсетиле на инцидент од 2017 година, кога го претепал крадецот кој се обидел да му ја украде колата, а кој потоа бил приведен откако полицијата дошла до него преку крвта која останала на тупаниците на Перкиќ.

Починатиот „Српски воин“ во професионалната ММА кариера имал четири борби во кои остварил три победи.