Струмичанка доби ќерка со најдобрата УФЦ фајтерка во историјата! (ФОТО)

Најдобрата УФЦ фајтерка Аманда Нунес го доби нејзиното прво дете заедно со Нина Ансарова, која има потекло од Македонија, односно од Струмица.

УФЦ фајтерката со македонско потекло, која има прекар „Д Стрина“, реши да се повлече од професионалните борби за да може да има бебе со нејзината колешка и вереничка, кое го добија по пат на вештачко оплодување.

„Ова ќе биде мојот омилен ден засекогаш. Ми се исполни сонот“, напиша Ансароф на Инстаграм по раѓањето на ќеркичката Реган Ан Нунес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Can’t wait to hold her in our arms. 👩‍👩‍👧

A post shared by Nina Ann Nunes (@ninaansaroff) on

Нунес, од друга страна, се очекува да ја брани нејзината титула против Меган Андерсон на УФЦ 256 настанот на 12 декември.