Скандал на УФЦ 300: Ерменски борец движејќи се кон кафезот удри - навивач (ВИДЕО)

Во јубилејниот УФЦ 300, еден од најдобрите настани во историјата на ММА, Алекс Переира ја одбрани титулата шампион во полутешка категорија со нокаутирање на Џамахал Хил, Макс Холовеј го нокаутира Џастин Гејџи буквално на секунда пред крајот на борбата, а Александар Ракиќ во неговиот камбек натпревар по двегодишна пауза поради повреди загуби од Јиржи Прохаска.

Во една од прелиминарните натпревари, Ерменецот Арман Царукјан на поени во лесна категорија го победи Бразилецот Чарлс Оливеира, но тој почна да удира уште пред да влезе во кафезот. Излегувајќи од ходникот, ерменскиот борец помина веднаш покрај оградата и на пат кон октагонот силно удри еден од навивачите. Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.

„Тој ми покажа да одам да се е*ам и сакаше да ме удри, а јас сакав да му возвратам“, изјави ерменскиот борец по мечот. Придружбата веднаш го одвлече, но тоа не го спречи набрзо потоа да замавме и кон друг гледач.

И покрај очигледниот недостаток на фокус на самата борба, Царукјан победи по три рунди и сега може да стане следниот предизвикувач на Ислам Махачев за шампионскиот појас во лесна категорија. Ова му беше 22. победа со три порази, а во УФЦ има 9-2 и има девет победи во последните 10 борби, откако во дебито загуби од Махачев.