Судиска одлука која го остави Кјелце без место на Ф4 во Келн (ВИДЕО)

Кјелце загуби од Магдебург по пенал-рулетот во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), иако полскиот тим имаше шанса да обезбеди место на Ф4-турнирот.

Од таборот на Кјелце не се среќни поради одлуката на судиите Куртагиќ и Ветервик при последната акција во која Каралек излезе „еден на еден“ со голманот на Магдебург.

Игор Карачиќ и Алекс Душебаев паднаа на колена по одлуката на судиите и ги молеа да ја променат истата.