Нурмагомедов: Мекгрегор ме молеше да не го убијам!

Рускиот ѕвер Хабиб Нурмагомедов на 9 септември ќе се врати во октагонот во УФЦ-серијата за титулата првак во лесна категорија против Дастин Пориер, што ќе биде негова прва борба од октомври лани, кога го победи Конор Мекгрегор во епскиот меч со хаотичен крај и жестоки пресметки надвор од октагонот.

Нурмагомедов заработи суспензија за хаосот што го направи откако прескокна од октагоднот и се судри со тренерите и приврзаниците на Мекгрегор, лут поради навредите што ги добивал од нив за семејството и неговата вера.

Сега Нурмагомедов, кој е од Дагестан објави дали планира нов меч со ирскиот чаламџија и со изјавата сите ги шокира.

„Последните три години, тој (Конор Мекгрегор – н.з.) има само една победа. И тоа во аматерски бокс. Зошто би заслужил реванш? Па тој тапкаше и ме преколнуваше да не го убијам! И сега одеднаш зборува за реванш. Тони Фергусон е на ред. Луѓе што имаат победнички низи ме интересираат, а не ме интересира човек кој не може никого да победи три години“, изјави Нурмагомедов