Мекгрегор повторно шокираше: Првата тетоважа ја направив пијан - поим немам што значи!

Контроверзниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, е еден од спортистите кој сака тетоважи, а тоа може да се забележи од неговото исцртано тело.

Речиси нема место на телото каде нема тетоважи иако беше без нив на почетокот на неговата кариера. Но, секоја тетоважа на неговото тело има навистина посебна приказна.

Мекгрегор откри дека ја направил првата тетоважа на 20 години, а тоа го сторил додека бил на Кипар. Она што привлече вниманието кај многумина е дека тетоважата е на арапски јазик и дека Мекгрегор поима нема што значи.

Тетоважата на левата нога е прва што ја направив. Јас бев навистина пијан во тоа време. Бевме на Кипар и решив да направам тетоважа за само 20 долари. Јас немам поим што пишува, можеби значи нешто, истакна Мекгрегор.