Конор Мекгрегор: Планирам на 35 години да станам – милијардер!

Ирскиот чаламџија во УФЦ, Конор Мекгрегор наскоро го очекува првата борба откако загуби во епската битка со Хабиб Нурмагомедов во минатата година, а Ирецот сега објави дека целта во животот не му е да доминира во ултимејтфајтот, туку да – стане милијардер.

Мекгрегор го чека борба во октагонот на 18 јануари против Доналд Цероне во полуфиналната борба на вечерта од серијата „УФЦ 246“ во Лас Вегас.

„Против Хабиб заработив 50 милиони долари, а сега од пресметката со Цероне ќе добијам 80 милиони. Планирам до 35 години да бидам – милијардер!“, вели Мекгрегор.

Ирецот во оваа 2020 година покрај првата борба, планира уште две за да стигне до појасот, ама тоа значи и уште поголема заработка на контото.

„Ќе биде возбудлива борба, Посебно сум возбуден и среќен сум што ќе се вратам во октагонот. Ќе биде тоа сјајна вечер, а повторно ќе блеснам и ќе направам магија во октагонот. Овојпат ќе биде нешто посебно“, додава Мекгрегор.