Голема победа за Стефан Пецевски на СБЦ26!

Најдобриот македонски ММА-борец, Стефан Пецевски, продолжи да реди успешни настапи надвор од нашата земја. На престижниот Serbian battle championship (СБЦ), оствари победа за неполни две рунди.

Во категоријата до 77 килограми, Пецевски пред време го совлада Србинот Рифат Петрушевиќ. По интензивна борба, победата ја извојува со зафат од позадина, популарно наречен rear naked choke.

Ова е петта борба во професионалната кериера на 24-годишниот Пецевски и четврта победа. Има и едно нерешено и се уште е непоразен.

На СБЦ26 во Сомбор настапи и Азербејџанецот Хидајат Мамадов, како претставник на македонскиот клуб „Д стронгест3. И тој забележа победа, против Велљко Стојковиќ од Србија, со зафат армбар, во првата рунда.